Суарез: Ние сме Барселона и не треба да си дозволуваме ваков пораз

Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез даде свое видување по поразот (0:2) од Гранада на натпреварот во Шпанското првенство. Каталонците во првото полувреме ниту еднаш не упатија удар во рамките на противничкиот гол.

 

– Имавме голем посед на топка, но не бевме доволно силни во создавање на шанси. Треба да ги анализираме проблемите со ефикасноста. Ние сме Барселона и не смееме да си дозволиме вакви порази. Треба да бидеме посилни ако сакаме да го одбраниме шампионскиот трофеј, изјави Суарез.

 

Барселона го има најлошиот старт во шампионатот на Шпанија во последните 25 години.

 

Во сезоната 1994/95, каталоснкиот клуб исто така освои само седум бода по првите 5 натпревари.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.