Берлускони: Милан ме разочара

Поранешниот сопственик на Милан, Силвио Берлускони не беше задоволен од изданието на „росо-нерите“ во натпреварот од 4. коло на италијанскиот шампионат со градскиот ривал Интер (0:2).

 

– Се обидов да го гледам на ТВ, но по некое време фудбалот на Милан едноставно ме разочара.  Малдини и Бобан? Следното прашање … Само ќе кажам дека ги поддржав кога беа играчи, истакна Берлускони.

 

По четири рунди во Серија А, Милан има две победи два пораза и се наоѓа на 12. место. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.