Тибо Куртоа има психички проблеми?

Играњето за еден од најдобрите светски фудбалски клубови дефинитивно не е за секого, пред се поради притисокот.

 

Тоа најдобро на своја кожа го почувствува белгискиот голман, Тибо Куртоа (27) кој во вторникот веднаш по мечот на Реал Мадрид со Клуб Бриж заврши во болница каде му е дијагностицирано психолошко пореметување.

 

Белгискиот шампион на полувремето на „Бернабеу“ водеше со 0-2, а прва „жртва“ на стресните 45 минути беше токму Куртоа. Тој беше на голот во првото полувреме, а во вториот дел го замени Алфонсо Ареола.

 

Отпрвин не беше познато зошто белгискиот голман остана на полувремето во соблекувалната. Се шпекулираше со повреда, но ситуацијата била многу посериозна.

 

Тој се пожалил на вртоглавица, општа слабост, а лекарите помислиле дека се работи за вироза. Се обиделе да го оспособат за продолжението од мечот, но не успеаја во тоа. Освен лекарите, со него во болница по мечот отишле и неговите родители.

 

По првите приблеми дијагностицирана му е анксиозност, психолошка состојба на исплашеност, паника, телесна напнатост и внатрешен немир.

 

Претпоставките се дека за моментната состојба на Куртоа причина се лошите состојби во клубот, но и се позачестените критики на негова адреса.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.