НБА-лигата не смее да ги поддржува протестите во Хонгконг за да не ја навреди Кина

НБА-лигата во понеделникот ѝ се извини на Кина за коментарите што на „Твитер“ ги постави генералниот менаџер на Хјустон рокитс, Дарил Мори, со поддршка за протестите во Хонконг.

 

Поддршката на Мори за демонстрантите во Хонконг беа причина НБА преку соопштение да изрази жалење што „ги навредивме пријателите и фановите во Кина“, а во кинеската верзија на соопштението се вели дека се „екстремно разочарани од неприфатливите коментари“ на Мори.

 

Со извинување од Токио се јави и Џејмс Харден, кој се обиде да го дистанцира тимот од контроверзиите.

 

„Се извинуваме. Ја сакаме Кина. Сакаме да играме таму и секогаш се чувствуваме добредојдени“, изјави Харден по егзибицискиот меч во Јапонија.

 

Оваа внимателност, секако, доаѓа во обидот НБА да не си го наруши статусот во Кина, каде што кошарката е најпопуларен спорт и каде што над 300 милиони луѓе го играат овој спорт. НБА е вклучена во Кина во 1992 кога ја отвори првата канцеларија во Хонгонг, а сега има низа договори со локалните дигитални ТВ-мрежи.

 

Хјустон особено е популарн во Кина кога го драфтува Јао Минг како прв избор на драфтот во 2002. НБА-Кина, подружницата на лигата во оваа земја, беше формирана во 2008 и, според магазинот „Форбс“, има вредност над 4 милијарди долари. НБА-тимовите добија 47 милиони нови следбеници на социјалните мрежи во 2018/19.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.