СЕХА: Мешков со убедлива победа над Еурофарм Работник

Мешков Брест му го нанесе вториот пораз во низаз на Еурофарм Работник во СЕХА лигата по низата од три победи на стартот на сезоната, откако на домашен терен беше убедлив со битолскиот клуб – 31:22 (19:12).

 

Белорускиот клуб направи предност од седум гола во одличното прво полувреме, разлика која тимот на Стевче Алушовски не успеа да ја достигне во второто полувреме.

 

Гоце Ојлески постигна пет гола за Еурофарм Работник, додека по четири гола уфрлија Велковски, Граѓан и Ѓукиќ, додека во победничкиот тим Микита Ваилупау имаше шест гола, а по пет Јурњак и Кулак.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.