Лео Меси по шестипат ја освои „Златната копачка“ (фото)

По шестипат во кариерата аргентинскиот фудбалски ас, Лионел Меси стана добитик на европската „Златна копачка“ која му се доделува на најдобриот стрелец во европските прволигашки натпреварувања.

 

Од востанувањето на оваа награда во 1968 па се до 1997 година наградата ја доделуваше француски „Л`кип“, од од 1997 година наградата ја доделува „European Sports Media“ – Здружение на европски фудбалски магазини.

 

Меси овојпат наградата ја подигна во присуство на неговите синови Тиаго и Матео. Аргентинецот дојде до наградата поради 36 постигнати гола на 34 меча во Ла Лига.

 

„Националните првенства се најважните натпреварувања, без нив не би ја имало ниту Лигата на шампиони. Ви благодарам на сите, на колегите, на тренерите, сите кои ми помогнаа денеска да бидам овде“ – рече Меси.

 

Аргентинскиот ас е рекордер со шест „Златни копачки“ во кариерата.

 

Роналдо освои четири, а по две имаат Португалецот Еузебио, Германецот Герд Милер, Уругвајците Диего Форлан и Луис Суарез, Французинот Тиери Анри и Бразилецот Марио Жардел.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.