Роналдо ефект: Се полни касата на Јувентус

Доаѓањето на Кристијано Роналдо му помогна на Јувентус да стане еден од најуспешните брендови во светот на фудбалот.

 

„Газате дело Спорт“ објави финансиски извештај кој покажува дека присуството на Роналдо му помогнало на клубот да ги зголеми приходите од маркетингот за 58 милиони евра.

 

„Старата дама“ прв пат се наоѓа во друштвото на десетте најдобри фудбалски брендови според продажбата на дресови. Јувентус од продажбата на дресови заработиле 45 милиони евра.

 

Покрај тоа се зголемила и навивачката база. Во изминатите 18 месеци навивачката база се зголемила за 38 милиони.

 

Исто така зголемена е и бројката на луѓе што го следат Јувентус на социјалните мрежи, тој сега изнесува 85 милиони.

 

Според овој параметар Јувентус се на четвртото место во светот, пред нив се само Реал Мадрид, Марселона и Манчестер Јунајтед.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.