Енди Мареј во прво полуфинале од 2017!

Поранешниот светски рекет број 1, Енди Мареј стигна до своето прво полуфинале по повеќе од две години, откако во тежок меч со 6:3/6:7(7)/6:4 го совлада Романецот Мариуш Копил на Европа опен во Антверпен, Белгија.

 

Ова ќе биде прво полуфинале за Мареј од Ролан Гарос во 2017 година и е одличен знак за Шкотланѓанецот кој се опоравуваше од операцијата на колкот и полека се враќа на сингл турнејата.

 

Тој поведе бргу со 2:0 во првиот сет, но Копил се врати со брејк, пред Мареј да го освои со 6:3. Тој поведе и со 3:1 во вториот сет, но упорниот Романец повторно се врати во игра и го зеде вториот сет во тај-брејк. Мареј беше очигледно среќен по освојувањето на третиот сет со еден брејк при 4:4.

 

Во полуфиналето Мареј ќе игра со подобриот од дуелот меѓу петтиот носител, Аргентинецот Гвидо Пелја и Французинот Иго Умбер. Во второто полуфинале ќе играат Стен Вавринка, по 6:3/6:7(6)/6:2 победата над Жил Симон, и Италијанецот Јаник Синер, кој со 6:4/3:6/6:4 го победи Американецот Френсис Тиафоу.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.