Гризман, Меси, Суарез – Барселона лесно со Еибар
- Детали
- Категорија: Спорт
- Создадено: 19 Октомври 2019
Барселона успешно го мина гостувањето кај Еибар на отворањето на деветтото коло во Ла Лига. Каталонците на „Ипуруа“ победија со 3:0 и со натпревар повеќе од Реал го презедоа врвот на табелата.
Екипата на Ернесто Валверде не одигра некој спектакуларен натпревар, меѓутоа максимално ја искористи инспирацијата на своите најголеми ѕвезди Гризман, Суарез и Меси.
Играчите на „Блауграна“ упатија пет удари во рамките на голот на Еибар, од кои постигнаа три гола.
Гризман го отвори резултатот во 13 минута, кога ја искористи асистенцијата на сонародникот Ленгле. До крајот на првиот дел се истакна голманот на Еибар Дмитровиќ кој со спектакуларна интервенција го спречи Меси да постигне гол.
Во вториот дел триаголникот Гризман-Меси-Суарез креираше два гола. Најпрвин Меси постигна гол во 58 минута, а потоа Суарез во 63 минута ги разреши дилемите околу победникот.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс