Баерн испуштија победа во 92 минута

Бундес-шампионите фудбалерите на Баерн Минхен останаа без планираната победа во Аугсбург, откако примија гол во 92 минута. Победа во финишот испуштија и фудбалерите на Лајпциг.

 

Аугсбург против шампионот постигна гол од првиот напад на мечот. Рихтер го совлада Нојер во втората минута. Баварците израмнија во 14 минута преку Левандовски, а целосен пресврт направија со голот на Гнабри во 49 минута. баерн го шокираше Исланѓанецот Финбогасон во 92 минута.

 

Лајпциг имаа можност да дојдат до првото место во лигата меѓутоа не успаја да го совладаат Волфсбург.

 

Вернер погоди за Лајпциг во 54 минута, а конечните 1-1 ги постави Вегхорст во 82 минута.

 

Бундес лига, 8.коло:

Дизелдорф-Мајнц 1:0

Унион Берлин-Фрајбург 2:0

Вердер-Херта 1:1

Аугсбург-Баерн Минхен 2:2

Лајпциг-Влфсбург 1:1.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.