Мизерија за Мекларен – бразилскиот претседател го раскина договорот со „Петробрас“

Славниот англиски Ф1 тим Мекларен може да се најде во незавидна позиција, откако бразилската компанија „Петробрас“ објави дека го раскинала нивниот договор за спонзорство вреден 163 милиони фунти.

 

Според извештајот на бразилското министерство за економија за првите девет месеци од владеењето на претседателот Жаир Болсонаро открива дека „неоправданото“ спонзорство на Мекларен е „поништено“.

 

„Во 2018 година, ’Петробрас’ потпиша договор за 782 милиони реали со Мекларен, валиден пет години. Во моментов, мојата влада сака да се реши од оваа обврска“, неодамна на Твитер напиша Болсонаро.

 

„Петробрас“ е 64 отсто во сопственост на бразилската држава – 54 отсто директно и по 5 отсто дополнително преку развојната банка и националниот фонд. Компанијата има годишен приход од неверојатни 65 милијарди долари, така што спонзорството на Мекларен е само минимална сума.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.