Шаповалов со прв трофеј во кариерата, Остапенко со титула по две години

Новата канадска тениска ѕвезда, Денис Шаповалов стигна до својот прв АТП трофеј во кариерата, откако со 6:4/6:4 го спречи Србинот Филип Крајиновиќ да стигне до својот прв трофеј во финалето на Стокхолм опен.

 

Шаповалов, кој беше четврти носител на АТП 250 турнирот, е прв Канаѓанец со АТП трофеј по Милош Раонич во Бризбејн во јануари 2016 година, и поради успехот првпат во кариерата ќе влезе во топ 30 на АТП листата.

 

Во Луксембург пак, Јелена Остапенко ја освои својата прва ВТА титула по пауза од повеќе од две години, совладувајќи ја актуелната шампионка, Германката Јулија Гергес со 6:4/6:1. Ова е прва титула за шампионката од Ролан Гарос од 2017.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.