„Го повикувме Васил Тупурковски да закаже вонредно собрание“

Иницијативниот одбор за уредување на односите во Македонскиот олимписки комитет (МОК) на прес-конференција ја презентираше иницијативата за промени во МОК, која е поддржана од 26 спортски федерации.

 

 

Од овој Иницијатвен одбор бараат мнозинството на Собранието на Македонскиот олимписки комитет да биде составено од федерациите од олимписките спортови, односно промена на членот 10 од Статутот.

 

„Иницијативниот одбор за уредување на односите во МОК на 27 септември поднесе иницијатива за одржување на вонредно собрание. Го замоливме претседателот Васил Тупурковски во рок од 30 дена да го испочитува нашето барање. Доколку МОК не го сторат тоа, тогаш до крајот на овој месец сме подготвени да ги искористиме сите законски можности да закажеме и да го одржиме вонредното собрание“, рече Александра Војнеска од Атлетската федерација на Македонија на прес-конференцијата.

 

Собранито на МОК брои 120 делегати, а само 26 од нив доаѓаат од федерациите на олимписките спортови.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.