Роналдо нема дадено гол од слободен за Јуве во 28 обиди

Кристијано Роналдо, веднаш по пристигнувањето во Торино, беше назначен за прв изведувач на слободни удари, но за разлика од другите квалитети, досега не постигнал гол од слободен удар за Јувентус во дури 28 обиди.

 

Петкратниот освојувач на „Златната топка“ постигна убав гол од слободен удар за Португалија да го освои трофејот од УЕФА Лигата на нациите, а имаше и еден убав гол во пријателски меч со Интер во текот на летото, но по двата неуспешни обида против Локомотив Москва во вторникот, Роналдо сега има 28 обиди без постигнат гол, кои можете да ги видите на видеото.

 

Од овие обиди, седум се одбранети од голманите, двата се далеку од голот, а дури 19 не успеале да го поминат живиот ѕид (како во последните девет обиди).

 

Инаку, Роналдо има 33 гола во 53 меча за Јувентус, а претходно вкупно 55 гола од неговите 701 во кариерата дојдоа од слободен удар - 13 за Манчестер јунајтед и 30 за Реал Мадрид. Можеби Маврицио Сари, едноставно, треба работата да му ја препушти на Миралем Пјаниќ, на пример.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.