Кам-бекот на Клајстерс одложен поради повреда на коленото

Освојувачката на четири гренд слем титули, Ким Клајстерс го одложи кам-бекот на тениските терени во јануари поради повреда на коленото, потврди Белгијката.

 

 

 

36-годишната Клајстерс последен пат играше на ВТА турнејата во 2012 година, но во септември објави дека планира да се врати на професионалниот тенис на стартот на следната година.

 

„Морав да направам одлука дека не сум способна да се натпреварувам во јануари. Во моментов сум на терапија за повредата на коленото, но тоа е само мала пречка и посветена сум да се вратам на спортот кој толку го сакам“, напиша Клајстерс на Твитер.

 

Враќањето во 2020 ќе биде нејзин втор кам-бек на тенисот, откако прво се повлече во 2007 година за да стане мајка. Со 41 сингл титули во кариерата, Клајстерс си замина по САД опен во 2012 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.