Салах и Стерлинг биле „недопирливи“, Реал ќе тргнат по Санчо

Реал Мадрид се во потрага по засилувања во нападот, една од желбите е Џејдон Санчо од Борусија Дормунд.

 

Флорентино Перез решил да се насочи кон младиот Англичанец откако му станало јасно дека не било возможно да ги добие Рахим Стерлинг или Мохамед Салах.

 

Реал биле подготвени да издвојат 115 милиони евра за Санчо. Сумата што ја нудат би ги задоволила апетитите на челниците во Дортмунд меѓутоа конкуренцијата за потписот на овој фудбалер е голема.

 

Покрај Реал, Санчо, во своите реводи со задоволство би го виделе Манчестер Јунајтед, Пари Сен Жермен, Челси и Манчестер сити.

 

Санчо незадоволен од статусот во Манчестер сити, во 2017 година се пресели во Борусија Дортмунд. Сезонава има постигнато четири гола за „милионерите“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.