Фетел: Леклер нема да биде тим-лидер во 2020 година

Себастијан Фетел пред неколку дена изјавил дека конечниот пласман во шампионатот оваа година нема да го одреди првиот возач на Ферари во сезоната 2020.

 

Ова значи дека тој смета дека е остане прв возач на Скудерија и во случај Шарл Леклер да заврши пред него во конечниот пласман за 2019 година.

 

Леклер, на две трки до крајот на сезоната, во генералниот пласман има 19 бода повеќе од Фетел.

 

Логично во Ферари не сакаат да зборуваат на оваа тема. Од таму ставаат до знаење дека во последните две трки ќе се обидат еден од нивните возачи да го освои третото место на кое сега се наоѓа Макс Ферстапен.

 

„Не можеме да биде на првото и второто место (таму се Хамилтон и Ботас), поради што е логично дека ја сакаме третата позиција“, изјавил Фетел.

 

Доколку се направи споредба на сезоната која ја возат Фетел и Леклер тоа би изгледало вака.

 

Леклер е подобар во квалификациите (10:7), а од трката за Големата награда на Франција Леклер во квалификациите девет пати бил пред својот тимски колега Фетел.

 

„Леклер е одличен во квалификациите, чесно е да се каже тоа. Јас оваа година немав добри сесии. Од разни причини не бев добар на некои патеки. До крајот на сезоната моја цел е да се претставам во најдобро светло во квалификациите, а не само на трките“, заклучил Фетел.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.