Гвардиола се подготвувал да ги напушти Сити

Четвртата сезона во Манчестер сити може да биде последна за Пеп Гвардиола на менаџерската функција.

 

Гвардиола има договор со „граѓаните“ до 2021 година, а во неделата „Мирор“ објави дека познатиот тренер има клаузула според која може самиот да го раскине договорот.

 

Англиските медиуми во изминатиот период се почесто шпекулираат дека Гвардиола ќе си оди од Манчестер. Според нив членовите на неговото семејство не биле задоволни од животот во Манчестер.

 

Неговата сопруга Кристина неводно веќе се вратила во Шпанија со нивната помлада ќерка.

 

Медиумите пишуваат дека Баерн Минхен се заинтересирани да го вратат Гвардиола на „Алијанц“ стадионот.

 

Гвардиола (48) е тренер на Манчестер сити од 2016 година, освоил две титули во Премиер лигата, но не успева да направи значен резултат во Лигата на шампионите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.