Жозе Мурињо е новиот тренер на Тотенхем

Жозе Мурињо и официјално е новио менаџер на фудбалерите на Тотенхем, потврдија утрово од лондонскиот клуб.

 

Договорот помеѓу двете страни е потпишан до крајот на сезоната 2022/2023.

 

Португалскиот тренер го наследи Маурисио Покетино кој вчера по пет и пол години го напушти клубот од северен Лондон.

 

„Возбуден сум што му се приклучив на клуб со толку голема традиција и со толку верни навивачи. Ме возбудува квалитетот на тимот и академијата. Ме привлече тоа што ќе можам да работам со тие играчи“, изјавил Мурињо.

Club statement

— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) November 20, 2019

 

Мурињо речиси една година беше без работа. Лани на 18 декември тој доби отказ во Манчестер Јунајтед. Тотенхем ќе му биде третиот клуб во Англија. Во два мандати го предводел Челси. Со „сините“ има освоено три титули во Премиер лигата (2005, 2006, 2015).

 

Тотенхем лошо играат оваа сезона, во првенството со само 14 поени се наоѓаат на 12 место на табелата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.