Мурињо доби вртоглава плата кај Спарси, ама Пеп е сè уште најплатениот!

Новиот менаџер на Тотенхем, Потугалецот Жозе Мурињо, стана вториот најплатен тренер во светот со годишна плата од 17,5 милиони евра.

 

Мурињо на клупата на Спарси го замени Маврисио Покетино и потпиша три и полгодишен договор со лондонскиот клуб.

 

Поголема плата од португалскиот стручњак има само Шпанецот Пеп Гвардиола, кој е менаџер на Манчестер сити. Тој заработува 23 милиони евра годишно.

 

Португалецот зад себе ги остави тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, со годишна заработка од 15 милиони, па следува Шпанецот Рафаел Бенитез во кинески Даиланг Јифанг со плата од 13 милиони евра.

 

Италијанецот Фабио Канаваро во кинески Гвангжу Евергранде и Французинот Зинедин Зидан на клупата на Реал Мадрид имаат годишна плата од по 11,5 милиони евра.

 

Интересен податок е тоа што Мурињо ќе заработува речиси двојно повеќе од Германецот Јирген Клоп (8 милиони евра годишно), кој со Ливерпул минатата сезона ја освои Лигата на шампионите, а сезонава атакува на долгоочекуваната титула во Премиер лигата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.