Нов удар за Балотели, Гросо не го планира за дуелот со Рома

Тренерот на италијанскиот калчолигаш Бреша, Фабио Гросо го изостави од тимот напаѓачот Марио Балотели пред гостувањето во Рим кај „волчицата“.

 

Причина е кавгата која ја имале на тренингот. Инцидентот се случил во четвртокот, Балотели бил истеран.

 

„Супер Марио“ вчера тренеирал нормално, со соиграчите, но се чувствувала тензија, па како резултат на тоа е неговото изоставување од составот за гостувањето на „Олимпико“.

 

Гросо денеска на новинарите во Италија им рекол дека најпрво разговарал со фудбалерот, па потоа ја донел одлуката за негово изоставување.

 

„На тренинг барам силен интензитет и високо темпо. Кога тоа не се случува, ги менувам работите и ја засилувам работата. Марио тоа не го сакаше, па го отстранив. Не сакам да го минимизирам инцидентот, ниту пак да го преувеличувам. За мене е клучно да извлечам максимум од оној што ми е на располагање. Јас можам да му помогнам, но повеќето зависи од него“ – порача Гросо.

 

Информацијата за кавгата меѓу Гросо и Балотели ја следи и шпекулацијата за заминувањето на напаѓачот веќе во јануари, а како можна дестинација се споменуваат бразилски Фламенго и турски Галатасарај.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.