Емери бара „милост“ од навивачите со најавата дека го враќа Џака во тимот!

Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери признава дека на неговите фудбалери им недостасува самодоверба, но побара поддршка од своите навивачи, најавувајќи дека контроверзниот поранешен капитен Гранит Џака може да биде во составот за дуелот од Лига Европа со Ајнтрахт Франкфурт во четврток.

 

„Топчиите“ се први во групата Ф и со победа ќе го обезбедат првото место, но победите не доаѓаат лесно за Арсенал во последно време – последниот меч во кој победиле беше 3:2 триумфот на Виторија на 24 октомври.

 

„Мораме да го обезбедиме првото место, а потребна ни е победа да ја вратиме самодовербата и да контактираме со нашите навивачи. Мојата иднина? Засега таа е денеска и утре. Мојата работа е да се подготвиме бидејќи знаеме дека навивачите се разочарани“, вели Емери.

 

Се очекува да има десетина илјади празни места на „Емирати“, а Емери може да го навлече бесот на тие кои ќе дојдат ако во игра во врати Џака, кој нема играно откако им порача навивачите да „се е.ат“ против Кристал палас на 27 октомври.

 

„Тој е во екипата и има шанси да игра. Се надевам дека навивачите ќе застанат позади него. Неговиот кам-бек ќе биде важен за нас“, додава Емери.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.