Реал потпишалe нов договор со Валверде

Реал Мадрид го продолжиле договорот со Ургваецот Федерико Валверде објави „Марка“. Според овој извор договорот на 21 годишниот фудбалер ќе трае до 2025 година.

 

„Марка“ пишува дека преговорите помеѓу двете страни биле кратки и конкретни. Реал потенцирале дека Валверде ја претставувал светлата иднина на клубот.

 

Поради тоа клаузулата за откуп на младиот фудбалер изнесува 750 милиони евра.

 

Валверде од Пењарол летото во 2016 година се преселил во Реал Мадрид. Во својата прва сезона играл за вториот тим на реал. Наредната сезона (2017/2018) ја минал како позајмен играч во Депортиво Ла Коруња. Играч на првиот тим на Реал станал летото во 2018 година.

 

Оваа сезона има одиграно девет натпревари во Ла Лига на кои постигнал два гола.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.