Вест хем во партнерство со Ајрон мејден!

Вест хем јунајтед имаат посебен дрес, кој иако нема да го носат на ниту еден натпревар, сигурно ќе предизвика внимание и кај тие кои не го сакаат фудбалот.

 

Во партнерство со легендарниот бенд Ајрон мејден, тие го претставија својот нов дрес на кој стои името на англиската група.

 

Басистот Стив Херис, кој е навивач на „чеканите“ од 1965 година, вели дека е воодушевен.

 

„Отидов да ги гледам Вест хем против Њукасл кога имав 9 години со еден другар. Отидовме со автобус и победивме 4:3. Тоа беше тоа, останав заглавен“, вели Херис.

 

На презентацијата на дресот беше и еден друг фан, овојпат на бендот, аргентинскиот дефанзивец Пабло Забалета.

 

„Ајрон мејден се икона во Јужна Америка и навистина е фантастично за тие кои се навивачи на клубот и фанови на бендот“, вели Забалета.

 

Ајрон мејден, кои Херис ги формираше во 1975 година, ја комплетираа својата турнеја низ Северна и Јужна Америка. Херис беше дел од младинскиот тим на Вест хем, но наместо тоа се посвети на хеви металот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.