„Еве што добивате кога сте први во квалификациската група“

Селекторот на Германија, Јоаким Лев и челниците на германскиот Сојуз по ждрепката за ЕУРО 202 рекле дека групата во која се Германците е тешка но дека му се радуваат на предизвикот.

 

Поранешниот капитен на Германија Филип Лам немаше среќна рака и својот национален тим го смести во група со актуелните светски и европски шампиони, Франција и Португалија.

 

„Филип треба да добиеш отказ во Сојузот“, се пошегувал селекторот Лев.

 

„Исклучително тешка група, тое е јасно. Но тоа на играчите и на тренерите ќе им биде голема мотивација. Фудбалот живее од такви мечеви. Најтешка група. Секој ќе мора да игра на граница на своите можности за да се најде во нокаут фазата. Тоа ви се случува кога на првото место ќе ги завршите квалификациите“, заклучил Лев.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.