Зидан: Лука Модриќ е Лука Модриќ

 Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан беше полн со пофалби за своите фудбалери по вчерашната нивна висока победа со 3-0 на гостувањето кај Хетафе во рамки на 19 коло од Ла Лига.

Откако 2019. Ја завршија со 3 реми меча во низа, екипата од Мадрид успеа да дојде до 3 бода на едно од најтешките гостувања во Шпанија.

„Не е лесно да се отиде таму и да се оствари добар резултат. Беше тоа многу важна и тешко извојувана победа. Знаевме дека не чека тежок меч. Добро ја почнавме годината и така мора да продолжиме за да останеме во борбата за титулата. Играчите уште од првата минута тргнаа по победата, беше сјајно да се гледаат“ – рече Зидан,

Сепак Французинот беше посебно воодушевен од играта на Лука Модриќ што ја круниса со прекрасен погодок во финишот од мечот.

„Модриќ е многу важен играч за нашата екипа и секогаш ќе биде. Лука Модриќ е Лука Модриќ. Среќен сум поради неговиот гол и сјајната соработка со Валверде“ – рече Зидан.

Тој упати пофалби и до голманот Куртоа кој трет меч во низа успева да ја зачува чиста мрежата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.