Драгиќ го реши Портланд, нов трипл-дабл за Леброн

Кошаркарите на Мајами, Минесота, ЛА Лејкерс, ЛА Клиперс и Мемфис забележаа победи изминатата ноќ во НБА лигата. Леброн Џејмс запиша нов трипл-дабл, Горан Драгиќ го одигра најдобриот меч од почетокто на сезоната, а Клиперс имаа тројца кошаркари со 30+ поени.

 

Лејкерс, предводени од Ентони Дејвис и Леброн Џејмс славеа над Детроит Пистон 106:99. Квалитетот на овие двајца им ја донесе победата на Лејкерс. Детроит беа во натпреварот во целиот негов тек, но немаа сили за изненадување. Леброн забележа 21 поен, 14 скока и 11 асистенции, а Дејвис 24 поени, 11 скока и 8 блокади. Детроит го предводеше Дерик Роуз со 28 поени.

 

Мајами ги совладаа Портланд Трејлблејзерс 122:111. Словенецот Драгиќ ги предводше Мајами со 29 поени (7 тројки) и 13 асистенции. На споритвната страна се истакнаа Демијан Лилард (34 поени и 12 асистенции), односно Хасан Вајтсајд (21 поен и 18 скока).

 

Минесота го искористи хаосот што владее во екипата на Кливленд Кавалирс и убедливо победи во Охајо 118:113.

 

Минесота играат одлично без своите најголеми ѕвезди Карл-Ентони Таунс и Ендру Вигинс. Без нив двајца имаат четири победи во низа. Против Кливленд предводници беа Џорди Џенг со 25 поени и 13 скока, односно Шабаз Нејпир со 21 поен.

 

ЛА Клиперс одиграа чуден меч и со многу труб славеа над Њујорк Никс 135:132. Клиперс примија 45 поени и имаа негатива од 16 поени во првата четвртина, но се вратија во мечот во вториот период кога постигнаа 47 поени. На крајот кај Клиперс се истакнаа Монтрез Херел со 34, Пол Џорџ со 32 и Лу Вилијамс со 32 поени и 9 асистенции.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.