ЕХФ појаснија зошто го прогласиле Талески за МВП

Македонија синоќа со драматична победа го започна настапот на 14 Европско првенство во ракомет.

 

Кирил Лазаров во последната секунда постигна гол за победа над Украина 26:25. Лазаров мечот го заврши со осум гола, покрај него блескаше на голот Никола Митревски со 15 одбрани.

 

Поради тоа изненадувачки делуваше одлуката на ЕХФ за играч на натпреварот (МВП) да го прогласи Филип Талески.

 

ЕХФ образложи зошто Талески го добил признанието пред двајцата клучни играчи на Македонија, Лазаров и Митревски, во триумфот над Украина.

 

Левиот бек на Македонија постигна три гола од седум обиди, но клучен бил неговиот придонес во играта во двата правци, особено во одбраната каде што водеше голема борба со корпулентните Украинци.

 

Талески на теренот минал речиси 56 минути.

фото/men2020.ehf-euro.com





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.