Дуплантис повторно го урна светскиот рекорд

Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис го подбри сопствениот светски рекорд во скок со стап. Дуплантис на митингот во Глазгов прескокна 6,18 метри.

 

20 годишниот Дуплантис минатата недела прескокна 6,17 метри, а попладнево за еден сантиметар го подобри својот рекорд. Интересно Швеѓанецот рекордот го урна во првиот скок.

 

„Со нетрпение ја чекам сезоната на отворено. Возбуден сум. Олимписките игри се сон на секој спортист. Таму сакам да се претставам во најдобро светло“, рекол Дуплантис.

 

Светскиот рекордер во кариерата има освоено европско и светско злато.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.