Барса на „мускули“ против Хетафе

Барселона славеше во дербито на колот во Ла Лига притив Хетафе со 2:1 (2:0). Со овој триумф и со натпревар повеќе Барселона се израмни со Реал на челната позиција на табелата, додека Хетафе и покрај поразот ќе остане на третото место.

 

Хетафе на „Ноу Камп“ покажа дека не се случајно на третата позиција на табелата. Го намачија фаворитот, а кој знае како ќе се одвиваа работите доколку во 30 минута ВАР не го поништи голот на Ниом.

 

Потоа следуваше најдобриот период во играта на Барса, од 33 до 39 минута постигнаа два гола.

 

Најпрвин погоди Гризман во 33 минута по одличното додавање од Меси. Шест минути подоцна Фирпо му асистираше на Серхи Роберто.

 

Во второто полувреме Барселона целосно го контролираше поседот на топката меѓутоа само една добра акција им беше потребна на гостите за да го намалат резултатот. Во 66 минута Тер Штеген го совлада Анхел.

 

Овој напаѓач изминатите денови се поврзува со трансфер токму во Барселона. Инаку голот му беше десетти во Ла Лига сезонава и тој е најдобриот стрелец од шпанските фудбалери во првенството.

 

До крајот Анхел пропушти шанса за израмнување, поточно ер Штеген на два пати одлично одбрани.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.