Влхова се врати во Крањска Гора за петта победа оваа сезона

Петра Влхова уште еднаш покажа дека е во фантастична форма оваа зима, триумфирајќи на слаломот во словенечкиот ски-центар Крањска Гора, откако лидерката по првото возење, Швеѓанката Ана Ларсон не го заврши второто.

 

До петтата победа оваа зима, Влхова стигна со комбинирано време од 1:47.56, за 0.24 секунди побрзо од второпласираната Венди Холденер од Швајцарија, додека подиумот го комплетираше Австријката Катарина Трупесо 0.89 секунди заостанување.

 

Со победата и со отсуството на Микаела Шифрин, Влхова го презеде водството во генерален пласман во слалом со 460 поени, 20 повеќе од Американката. Во генерален пласман во Светскиот куп, Шифрин е убедлив лидер со 1.225 поени, пред Федерика Брињоне (1.112) и Влхова (1.071).





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.