Судиите „блескаа“, Лејкерс ги добија Селтикс

Лос Анџелес Лејкерс забележаа минимална победа над Бостон Селтикс 114:112, во НБ класикот одигран изминатат ноќ. Лејкерс ја забележаа петтата победа во низа и се зацврстија на второто место на табелата.

Натпреварот во Лос Анџелес мина во знакот на судиите кои во клучни моменти носеа одлуки на штета на Бостон.

Џејсон Тејтум го предводеше Бостпн со рекордот на кариерата од 41 поен, Џејлен Браун постигна 20 поени, а Алекс Тајс забележа 16 поени.

На спротивната страна се истакнаа Лебрн Џејмс со 29 поени, осум скока и девет асистенции, односно Ентони Дејвис со 32 поени и 13 скока.

Најубедливата победа изминатата ноќ ја остварија кошаркарите на Торонто Репторс. Актуелните шампиони ја декласираа Индијана со 127:81.

Денвер Нагетс славеа во дуелот со Минесота 128:116. Денвер го предводеа Никола Јокиќ со 24 поени, седум скока и шест асистенции, односно Пол Милсап со 25 поени. Кај Минесота најдобри беа Келан Мартин со 21 и Малик Бизли со 17 поени.

Резултати:

Портланд-Детроит 107:104

Голден стејт-Њу Орлеанс 101:115

Оклахома-Сан Антонио 131:103

Чикаго-Вашингтон 126:117





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.