ФА ќе го казни Деле Али за контроверзното видео за корона вирусот

Фудбалерот на Тотенхем, Деле Али е обвинет од страна на англиската Фудбалска асоцијација за контроверзното расистичко видео кое го постави на социјалните мрежи, потсмевајќи се на Азијатите за корона вирусот.

23-годишниот Али на „Снепчет“ објави видео во кое се потсмеваше со еден Азиец на аеродром поради вирусот, по што мораше да се извинува на кинеската социјална мрежа „Веибо“.

„Однесувањето на Али го прекршува ФА правилото Е3(1), навредливо или непрописно однесување со кое го нарушува угледот на спортот. Покрај тоа, тој направи прекршок кој се однесува на расата, бојата, етничката припадност или националност на друг човек“, се вели во објавата на ФА.

Тој има време за одговор до 5 март 2020.

Деле Али се извинуваше поради потсмевањето со Азијците





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.