Лажните вести за коронавирус во Интер ги стресоа навивачите

Социјалните медиуми објавија дека ѕвездата на Интер Алексис Санчез има коронавирус. Потоа, информациите се покажаа како лажни, а резултатот погрешно пренесен, информираат медиумите.

 

Оригиналниот извор, чилеанскиот ЦДФ објави статија пред 1/16-финалниот реванш на Лига Европа меѓу Интер и бугарскиот шампион Лудогорец. Написот се фокусира на локалното милениче Санчез, за чие здравје се загрижи целата неговата татковина.

 

Насловот гласеше: „Коронавирусот го погоди Алексис Санчез“.

 

Ситуацијата со коронавирусот е сериозна и поради тоа средбата меѓу „орлите“ и „нероазурите“ ќе се одржи без публика. Инаку, епидемијата одложи дел од дуелите во последното коло од Серија А.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.