„Со една одлука Зидан го загуби мечот со Сити“

Поразот на Реал од Манчестер сити (1:2) во првиот осмина-финален натпревар во Лигата на шампионите уште некое време ќе биде главна тема во шпанските медиуми. Тиражната „Марка“, односно новинарот Марк Хесус Санчез, во својот текст го посочува Зинедин Зидан за главен виновник за поразот.

Во текстот Санчез пишува дека натпреварот против Сити е најлошиот што го одиграл Реал под водство на Зидан во неговиот втор мандат во клубот.

„Зидан во Реал, во овој мандат покажа магија. Направи неколку големи работи. Ја смири ситуацојата во клубот, го искачи тимот на првото место во Примера, покажа дека може да го победи најголемиот ривал во Суперкупот, на навивачите им ја врати надежта дека може повторно да се освои Лигата на шампионите. Меѓутоа постојат и некои работи што фрлаат дамки“, пишува Санчез.

Според него перидот по водешкиот гол на Реал бил клучен за поразот на крајот.

„Зидан го жртвуваше искуството со тоа што од стартниот состав го изостави Тони Крос. Германецот е еден од најдобрите играчи на Реал. Иско не е толку сигурен, Валверде е неискусен…По 1:0 за Реал ситуацијата на теренот го бараше Крос, бараше некого што ќе ја смири ситуацијата и нападите на гостите. Што реши Зидан? Не го внесе Крос туку Бејл, а од игра го извади Винисиус, единствениот играч што им правеше проблеми на гостите. Тогаш следуваа луди осум минути кои скапо ги платија играчите на Зидан. Во тие моменти Реал немаше цврстина, а потегот на Зидан е еден од неговите најлошите тренерски изведби. Сега му треба чудо“.

Реал и Манчестер сити својот реванш ќе го одиграат на 17 март.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.