Ако корона вирусот ја прекине сезоната, Ливерпул ќе остане без титула?

И покрај тоа што имаат 22 поени предност на врвот на табелата, Ливерпул може да не ја добие титулата од Премиер лигата оваа сезона доколку британската влада реши да ги прекине сите спортски натпреварувања поради корона вирусот, јавува „Дејли телеграф“.

 

Според извештајот, во Премиер лигата нема сценарио по кое ќе се утврди пласманот во сезоната доколку не се одиграат сите 38 кола, што значи дека и тимовите кои се на последните три места не би испаднале во Чемпионшип.

 

Во Швајцарија на пример, владата реши да ги откаже сите настани каде што има над 1.000 луѓе, со откажување на колото во фудбалскиот шампионат, а доколку се реши исто и во британската влада, Ливерпул би останал „покус“, и покрај тоа што до крајот на сезоната има само уште 11 кола, а Ливерпул има речиси совршена сезона со 26 победи и 1 реми досега.

 

На тимот на Јирген Клоп му се потребни уште четири победи за да ја обезбедат титулата предвреме и било каков потег да им се одземе заслужената титула ќе предизвика голем скандал во Англија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.