Ловрен си оди, во Ливерпул доаѓа играч на Атлетико

Јирген Клоп ја подготвил замената за Дејан Ловрен кој е еден од шестмината играчи што ќе го напуштат „Енфилд“ по завршувањето на сезоната.

Германскиот тренер ќе се обиде да го донесе Хосе Марија Хименез од Атлетико Мадрид. Уругваецот е еден од најталентираните дефанзивци во светот, проектиран за наследник на Диего Годин во Атлетико и во националниот тим.

Отупната клаузула во неговиот договор изнесува 120 милиони евра.

Доколку не успе со Хименез, Клоп како алтернативи ги имал Дајот Упаменкано од Лајпциг и Алесандро Бастони од Интер.

Ловрен по завршувањето на сезоната како слободен играч ќе замине од Ливерпул, најзериозни дестинации за него се Тотенхем и Лацио.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.