Уште еден експретседател на Реал заврши во болница со корона вирус!

Поранешниот претседател на Реал Мадрид, Фернандо Мартин е однесен во болницата во Мадрид откако имал симптоми на корона вирусот, јавува шпанскиот весник „Ел мундо депортиво“. 72-годишниот бизнисмен завршил во болницата Пуерта де Иеро во шпанската престолнина.

Мартин беше преоден претседател на Реал Мадрид во февруари 2006 година по шокантната оставка на Флорентино Перез. Но, тој си замина на 26 април поради одлуката на клубот да има претседателски избори на крајот на сезоната. По него Рамон Калдерон беше избран за претседател, а Мартин се врати во бордот на директори на клубот по повторно избирање на Перез во 2009 година.

Оваа вест доаѓа по трагичната смрт на поранешниот претседател на „кралевите“, Лоренцо Санз на 21 март од корона вирусот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.