„Згрешивме, луѓе умираат поради нашиот натпревар во ЛШ“

Бергамо е еден од градовите кој е најмногу погоден од пандемијата што ја предизвика коронавирусот. Одо овој град е фудбалскиот клуб Аталанта, сензационалниот учесник во четврт-финалето во Лигата на шампионите. Поради коронавирусот навивачите не успеаја да го прослават големиот успех со фудбалерите.

„Граѓаните на Бергамо требаа да бидат среќни, требаа да слават, да бидат горди на клубот. Наместо тоа мора да се фокусираат на други работи, на преживување. Мора да мислат на своите семејства“, рекол капитенот на Аталанта Алехандро папу Гомез.

„Во изминатите четири години ги направивме сите среќни, а сега преживуваме нешто страшно. Не можам да поверувам дека, после Кина, во Италија има намјмногу заразени. Не знам дали ќе ја продолжиме сезоната. Не знам дали ќе играме во текот на летото или за неколку месеци. Најважно е ситуацијата во државата да се подобри. Ќе биде тешко да се игра. Како ќе патуваме? Во кои хотели ќе спиеме? Ќе треба да се донесат големи одлуки“.

Гомез смета дека ситуацијата во Бергамо ќе била подобра доколку мечот против Валенсија се играл пред празни трибини. Аталанта на почетокот на февруари ја пречека Валенсија на „Сан Сиро“ во Милано, во првиот осмина-финален натпревар.

Дуелот го следеле 45.000 луѓе, а веќе во тој момент во Милано имало заразени со вирусот.

„На почетокот имаше многу неточни информации, а сите ние не го сфативме вирусот сериозно. Мислевме дека тоа е обичен грип, продолживме нормално да живееме. Погрешивме. Кога почнаа да умираат луѓе околу нас почувствувавме страв. Тој ден некој заразен бил на „Сан Сиро“. Мислам дека денешната ситуација во Бергамо има врска со со натпреварот што го игравме против Валенсија“, заклучил Гомез.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.