Словачкиот клуб Жилина банкротираше поради корона вирусот

Седумкратниот шампион на Словачка, МШК Жилина, стана првиот фудбалски клуб кој банкротирал поради корона вирусот кој ја влошил тешката економска состојба.

Од клубот објавија дека сите фудбалери треба да си бараат нов клуб, бидејќи Жилина ќе биде ликвидиран тим на 30 април. Пропаста на клубот беше предизвикана од неможноста да се договорат со фудбалерите околу намалувањето на платите, иако економските проблеми на клубот се тука повеќе години.

Пред паузата поради корона вирусот, Жилина беше на второто место во словачката лига со 10 поени помалку од Слован Братислава и седум пред Дунајска Стреда.

Клубот, инаку, е основан во далечната 1908 година, а во него игра и македонскиот младински репрезентативец, 19-годишниот Енес Фазлагиќ, кој замина во Жилина од Шкендија во 2018 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.