„Марка“ го откри – Касано измислил анегдота за оригиналниот Роналдо

Цела Шпанија му се смее на Антонио Касано за интервјуто во „Кориере дело Спорт“. „Марка“ тврди дека една изјава што ја дал Касано нема врска со вистината.

Антонио Касано во 2006 година за сума од 28 милиони евра од Рома се пресели во Реал. На „Сантијаго Бернабеу“ никогаш не го покажа својот вистински талент. Едн сезона беше во Реал одигра 19 натпревари на кои постигна два гола, а наредната ја мина на позајмива во Сампдорија. Потоа клубот Џенова го откупи неговиот договор.

Изјавата за која „Марка“ има и докази дека не е вистинита е поврзана со оригиналниот Роналдо.

„Се сеќавам на натпреварот против Депортиво кога губевме 1:0. Тие имаа спектакуларен тим. Тука беа Тристан, макај, Валерон…На полувремето тренерот сакаше да го извади од игра Роналдо и да го внесе Ван Нистелрој. Тоа не му се допадна на Роналдо и на тренерот му кажа д аго остави во игра уште 15 минути бидејќи ќе постигне два гола. По 15 минути водевме 2:1, а двата гола ги постигна Роналдо“, рекол Касано.

Новинарите на „Марка“ истражиле и утврдиле дека таков натпревар Реал и Депортиво никогаш не одиграле додека Касано бил играч на „кралскиот клуб“.

Единствениот меч на кој Бразилецот Роналдо постигнал два гола во второто полувреме додека Касано бил играч на Реал е дуелот со Динамо Киев (2.2) во Лигата на шампионите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.