„Спорт“: Во Барселона владее диктатура

Играчите на Барселона предводени од капитенот Лионел Меси започнале бунт притив диктатурата што ја спроведувал претседателот на клубот Џосеп Марија Бартомеу, пишува каталонскиот весник „Спорт“.

Нема мир на „Ноу Камп“. Откако пред неколку месеци клубот го тресеше кризата поради несогласувањата што ги имаше Меси со спортскиот директор Ерик Абидал, а потоа таа продолжи со предлогот на фудбалерите да им бидат намалени платите за 70 отсто, поради пандемијата со вирусот КОВИД-19. весникот пишува дека играчите и капитенот Меси креваат бунт против претседателот.

На страната на играчите застанале потпретседателите Емили Русад и Ентике Томбас, поради што Бартомеу ги разрешил од функциите.

Томбас наводно збеснал но не сакал да се огласува во јавноста, додека Русанд рекол дека она што останало од раководството на клубот „нема кредибилитет понатаму да го води клубот“.

„Спорт“ пишува дека следни што ќе добијат отказ се директорите Силвио Елиас и Џосеп Понте.

Каталонците сметаат дека никој не може да го предвиди правецот во кој ќе се одвiва кризата во неделите што следуваат.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.