Белгијците се премислуваат за откажувањето на сезоната

Белгиската Пролига го одложи состанокот за ратификување на крајот на сезоната 2019/2020 по заканите од УЕФА дека нема да има места во европските натпреварувања за лигите што предвреме ќе се откажат од опцијата за продолжување на лигата.

Минатата недела Пролигата објави дека сезоната ќе се скрати, Клуб Бриж е шампион, а Васланд-Беверен испаѓа од лигата, но сега повторно ќе се разговара за крајот на сезоната на 24 април

Во официјалната објава минатиот четврток лигата оцени дека е тешко веројатно оти ќе може да се организираат фудбалски мечеви пред крајот на јуни и дека тоа е преголем ризик за фудбалерите.

Клуб Бриж е лидер во шампионатот со 15 поени пред второпласираниот Гент на само еден меч пред крајот на регуларната лига со 16 клуба и стартот на плејофот, во кој топ-6 клубовите одредуваат кој ќе биде шампион, а кој ќе игра во европските купови.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.