Секој ден ова лето со меч од Ла Лига!

Во обид да се заврши сезоната на време, шпанската Ла лига има „лудачки“ план за фудбал секој ден во текот на летото со минимална пауза за секој клуб од само 72 часа, тврди шпанскиот весник „АС“.

 

Со стартен датум на 13 јуни, Ла лига ќе треба да се потруди да ја заврши сезоната што е можно побргу, по најавите дека на крајот на август ќе треба да се доиграат и европските натпреварувања. Поради екстремните жештини во јужните делови на Шпанија, предвидени се и стартови на мечеви во 23 часот навечер во обид да се заврши сезоната до 29 август.

 

Медицинскиот протокол во Шпанија ќе наликува на тој од гереманската Бундеслига, што значи дека ако има позитивен тест на корона вирусот на фудбалер или член на тимот, само тој ќе биде изолиран, а остатокот од тимот ќе биде тестиран.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.