Зидан: Реал мора сезоната да ја заврши со трофеј, тоа е во нашата ДНК

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан вели дека е презадоволен што неговиот тим се врати на тренинзи и е сигурен дека ќе се оствари целта до крајот на сезоната да се освои еден трофеј.

„Оваа недела беше навистина добра бидејќи сега работиме во мали групи и можеме да зборуваме за тактика. Тимот изгледа многу подобро, а следната недела ќе биде уште подобро. Мораме да размислуваме позитивно бидејќи имаме среќа што се вративме на работа, што сме на фудбалски терен. Фудбалерите сега мораат да уживаат“, вели Зидан.

Од последниот меч во Ла лига, поразот од Реал Бетис по кој Барселона се одвои на два поени на врвот на Ла лига поминаа седум недели и Зидан е сигурен дека ќе има добар финиш на сезоната.

„Имаме уште 11 меча пред нас и мораме да се подготвиме за добар финиш на сезоната. Најважно е да се освои нешто. Тоа е во ДНК-та на овој клуб, секогаш да се бори за титули“, додава Зидан.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.