ПСЖ летово ќе може да потроши само 70 милиони за засилувања

Тешки денови за светскиот спорт настапуваат поради пандемијата на коронавирусот. Прв од богатите клубови кој се соочува со намален буџет е ПСЖ.

Шампионот на Франција ова лето ќе може да потроши само 70 милиони евра за засилувања, освен ако не заработи поголема сума од продажба на некој од своите фудбалери.

Лидерот во Лига 1 веќе потроши 60 милиони евра со купувањето на Мауро Икарди. Затоа не се очекуваат големи промени во клубот од „Паркот на принцовите“ иако постојат позиции во тимот кои е неопходно да се пополнат.

ПСЖ мора да доведе резервен голман за Кејлор Наваз затоа што Серхио Рико се враќа во Севилја, на позајмица.

Потврдено е заминувањето на Томас Муние во Борусија Дортмунд, па мора екипата да добие нов десен бек.

Доколку ПСЖ успее да ја освои ЛШ која ќе продолжи во август, тоа значително би го зголемило буџетот и би дало простор за финансиски маневар.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.