Обамејанг го урна рекордот на Анри

Пјер-Емерик Обамејанг е фудбалерот кој најбргу успеал да постигне 50 гола во Премиерлигата во дресот на Арсенал. Габонецот на вечната листа ја мина клупската легенда Тиери Анри.

Обамејанг во вчерашната победа на Арсенал над Норич (4:0) постигна два гола и стигна до бројката од 51 го за Арсенал во Премиерлигата. До оваа бројка тој дојде по 79 одиграни натпревари.

На Анри му беа потребни 83 натпревари за да стигне до 50 голови во Премиерлигата.

Со ова свое остварување Обамејанг се искачи на шесттото место во историјата на Премиерлигата. Прв на листата е поранешниот напаѓач на Њукасл и Манчестер Јунајтед Енди Кол на кого му биле потребни 65 натпревари за да стигне до 50 голови во најсилната англиска конкуренција.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.