Ботас ќе остане во Мерцедес

Валтери Ботас и наредната сезона ќе вози за тимот на Мерцедес, објави „Мотоспорт“.

„Веруваме во нашите момци, Ботас ќе вози за нас и в година“, рекол Ола Каленијус, еден од директорите на Мерцедес.

Ботас во Мерцедес се пресели од Вилијамс во 2017 година. Во кариерата има забележано осум победи, 12 пати стартувал од пол-позицијата.

Финецот победи на првата трка оваа сезона, Големата награда на Австрија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.