Родриго: Модриќ ме вика „сине“, а јас него „тато“, па колку татко ми е

Младиот 19-годишен офанзивец во Реал Мадрид, Родриго раскажа интересна анегдота во врска со односот со неговиот соиграч, хрватскиот ас, Лука Модриќ.

Реал на „Бернабеу“ стигна во 2019 години за 45 милиони евра од бразилски Сантос, а неговиот татко има само 35 години.

Модриќ годинава полни 35 години.

„Кога дозна дека татко ми има 35 години, не можеше да поверува. Тогаш ми рече дека треба да го почитувам затоа што е доволно стар и може татко да ми биде. Оттогаш стално ме вика `сине`, а јас него `тато`“ – раскажа Родриго.

Тој додава дека у се исполнил еден од сиништата, да игра заедно со Еден Азар.

„Играњето со него е сон. Тој е еден од моите идоли и е толку добар играч. Чест е да се игра со него“ вели Родриго.

Бразилецот сезонава постигна 9 гола и имаше 2 асистенции на 28 меча во сите натпреварувања.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.