Михајловиќ: Фудбалот без навивачи е одвратен, подобро да не играме
- Детали
- Категорија: Спорт
- Создадено: 26 Јули 2020
Тренерот на Болоња Синиша Михајловиќ рекол дека побргу би прифатил фудбалот да не се игра отколку играчите да играат пред празни трибини.
Поради пандемијата на коронавирусот во Италија по ре-стартот на сезоната натпреварите се играат без присуство на навивачи.
„Се надевам дека во септември, кога ќе започне новата сезона, сѐ ќе биде поинаку. Се надевам дека на навивачите ќе им биде дозволено да се вратат на трибините. Кога би ме прашале дали би прифатил да не се игра фудбал доколку нема навивачи би рекол да. Недостига вистински амбиент на натпреварите“, рекол Михајловиќ.
Болоња во 36 коло, во Серија А утре ќе го пречека Лече.
„Со нетрпение го чекам крајот на сезоната. Не го велам ова дека немаме мотиви да играме до последното коло туку поради тоа што играме без навивачи, тоа е одвратно. Тоа е проблемот, не е проблем во мотивираноста“.
Болоња на три кола до крајот се наоѓа на 12 место со 43 бода, има обезбеден опстанок, но нема шанси да стигне до местата кои водат во Лига Европа.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс